logo
logo
logo

Vesti.mk ќе индексира и објавува најнови вести САМО ОД РЕГИСТРИРАНИ ПОРТАЛИ!

Vecer | 27.08.2019

Vesti.mk ќе индексира и објавува најнови вести САМО ОД РЕГИСТРИРАНИ ПОРТАЛИ!

Агрегаторот на вести Vesti.mk ја поздравува иницијтивата за формирање на регистар на медиуми во Македонија. Тоа барање и концепт го застапува Македонската асоцијација на новинари МАН уште од 2012 година но, иницијативата досега наоѓаше на отпор кај ЗНМ и невладините организации финансирани од Фондацијата отворно општетсво на Сорос со образложение дека тоа значи ограничување на слободата на изразување на интернет порталите.

По седум години зад таа идеја на МАН сега застана и ЗНМ. Со години сме сведоци дека лица кои немаат допирна точка со медиуми и новинарството ги злоупотребуваат тие категории и преку свои портали шират дезинформации а најмногу клевети и говор на омраза и сето тоа без последици криејќи се зад себнарекувањето новинари и медиуми.

Со реафирмирање на концептот на Македонската асоцијација на новинари МАН - секој портал кој аплицира дека е медиум е профитна организација и мора да има најелементрани белези - а тоа е дека само трговско друштво (не невладина организација) може да биде основач на медиум, дека севкупниот приход од работата мора да биде видлив на сметката на трговското друштво и да плаќа повластен данок од 5%, мора да има адреса и главен и одговорен уредник...

И сето тоа видливо во импресум на самиот медиум како и обврзувачка објава на својот годишен приход од работењето.

Добро е да се реафирмира и другиот концепт на МАН, а тоа е утврдување критериум за читаност на медиумот според светски прифатени стандарди и критериуми: медиумот да има обврска да се претплати на еден од двата најреспективни светски сервиси за мерење промет и читаност на порталите - alexa.com или Similarweb.com  како јавноста, деловните партнери или институциите во секое време би имале независен извор за увид во моќта и читаноста на медиумот.

Агрегаторот Vesti.mk, еден од трите најмоќни агрегатори за вести во Македонија кој објавува најнови вести на секои 6 минути од околу 160 македонски портали објавува дека по почнувањето на регистрација на медиуми во единствен регистар ќе индексира и објавува најнови вести само од медиуми кои се дел од регистарот, а како втор услов секој медиум мора да има соодветен сигурносен SSL протокол.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk