logo
logo
logo

Верижна сообраќајка на патот Штип- Делчево – три лица се повредени

Vecer | 02.10.2022

Верижна сообраќајка на патот Штип- Делчево – три лица се повредени

Три лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа синоќа во 23:55 часот на магистралниот пат Штип – Делчево помеѓу три патнички моторни возила „голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од с.Облешево, „тигуан“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(27) од с.Мојанци и „ауди А4“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(34) од Виница.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило „голф“ М.М., а сопатниците во патничкото моторно возило „тигуан“ С.Ј.(51) и Ж.Ј.(47) и двајцата од с. Мојанци се здобиле со телесни повреди, констатирани од лекар во Општата болница-Кочани, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР-Кочани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk