logo
logo
logo

Веќе не е под заштита: Се тресат темелите на „Порта Македонија“

Vecer | 23.03.2021

Веќе не е под заштита: Се тресат темелите на „Порта Македонија“

Министерството за култура ја тргнало заштитата на „Порта Македонија“, со што се отвора можност за нејзино уривање.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ вели дека со тргање на заштитата се отвора можност за тоа, но за тоа дали ќе се урива или не овој објект не одлучува Општината, туку инвеститорот, односно Министерството за култура. Оттаму велат дека ја поддржуваат определбата на Владата за решавање на незаконските проекти.

Од Секторот за урбанизам при Општина Центар, објаснуваат дека од Министерството за култура им бил испратен допис да се стопира Деталниот урбанистички план „Мал ринг 1“ сè додека не се донесе анекс на конзерваторските основи.

– Со тргањето на заштитата значи дека објектот нема никакво уметничко значење. Со тоа се создава можност за уривање, но планот не го дефинира тоа, туку со него нема да се дадат услови за развој на објектот, тој само ќе биде евидентиран како постојна состојба и нема да има никаква градежна парцела. Доколку се реши тој да се урне, во наредниот план нема воопшто да постои – објаснуваат од Секторот за урбанизам во Општина Центар.

Оттаму додаваат дека сè уште го чекаат анексот на конзерваторските основи од Министерството за култура за да видат како е сменет режимот, бидејќи досега „Порта Македонија“ беше прогласена за културно наследство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk