logo
logo
logo

Вечерва почнува есента: Утринските температури ќе се спуштат и до нула степени

Vecer | 22.09.2021

Вечерва почнува есента: Утринските температури ќе се спуштат и до нула степени

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува вечер во 21:21 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината во годината и ќе трае 12 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути.

Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 20 часот и 38 минути, кога календарски започнува зимата.

Синоптичарите на првиот ден од есента најавуваат променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието, засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје слично време со услови за повремен слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Облачното и посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец ќе преовладува до четврток. Од четврток до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време со пониски утрински, а повисоки дневни температури. Зголемување на облачноста се очекува во понеделник попладне.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk