logo
logo
logo

ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Арбен Лабеништа кандидат за министер за здравство?

Vecer | 01.12.2021

ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Арбен Лабеништа кандидат за министер за здравство?

Зоран Заев и Африм Гаши денеска се на повторна средба на која се преговара за влез на Алтернатива во владата на СДСМ и ДУИ.

Од претходната средба која се одржа пред само два дена, информациите кои проструија во јавноста беа дека Алтернатива го бара министерството за здравство, но и едно вицепремиерско место.  Неофицијалните извори велат дека Беким Сали од Алтернатива е најсериозен кандидат за оваа позиција, на која сега се наоѓа Венко Филипче

Тогаш од владината прес служба беше соопштено дека била постигна начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка на Алтернатива во владата.

Сепак, Вечер.мк дознава дека доколку Гаши и Заев се договорат за влез на Алтернатива во владата, во игра за нов министер за здравство освен Беким Сали од Алтернатива,  се спомнува и името на Арбен Лабеништа, поранешен заменик министер за одбрана од ДУИ, кој во меѓувреме стана дел од Алтернатива.

Лабеништа беше и најсериозен противкандидат на Рамиз Мерко за преземање на струшкиот огранок на партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk