Почит за великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев, по повод 153-годишнината од неговото раѓање. Благодарение на неговите непоколебливи стремежи за национална и социјална правда, неговото име е трајно врежано во македонската колективна меморија, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова по денешното одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Неговата мисла „јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ и денес одекнува како инспирација за сите кои веруваат во правда, слобода и единство.
Како еден од водечките организатори на македонската револуционерна борба, Делчев неуморно работеше на создавање силна мрежа на борци и интелектуалци, со јасна визија за иднината на својот народ. Неговата смрт во 1903 година не ја згасна идејата за слобода, туку напротив – стана вечен симбол на стремежите на македонскиот народ за слобода и независност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата