logo
logo
logo

Вчера пристигна нова пратка вакцини од „Фајзер“

Vecer | 18.05.2021

Вчера пристигна нова пратка вакцини од „Фајзер“

Министерството за здравство информира дека вчера, во нашата земја стигнале 9.360 дози вакцини од производителот Фајзер.

„Од нив 4.680 се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против Ковид 19“, велат од МЗ.

Според договоротт, Фајзер секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец.

Останатите 4.680 дози вакцини Фајзер се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).

Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан , што ја координира Австрија, во нашата земја во месец мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини.

Вчерашната пратка е втора по ред, а помошта за Северна Македонија која ја обезбедува ЕУ се вкупно 119.213 вакцини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk