Важно е да нема местенки и правдата да излезе на виделина, порача таткото на Саздовски

Полицајците не се виновни. Ве замолувам на една минута молк за Никола и мирно да си заминеме, порача денеска од протестниот марш, таткото на починатиот член на „Комитите“, Никола Саздовски, откако полицијата не им дозволи на демонстрантите да се приближат кон зградата на МВР.

„Револтот е огромен, а со ваша помош правдата ќе излезе на виделина. Важно е да нема местенки. Полицајците не ни се непријатели, тие не се виновни, наредено им е да не пуштаат. Барам од сите вас да завршиме мирно, за душманите да не кажат дека сме багра што не знае што сака. Ве замолувам на една минута молк за Никола и мирно да си отидеме“, рече таткото на Никола Саздовски.

Демонстрантите зад кои стои навивачката група „Комити“, пред да се упатат кон згрдата на МВР,  застанаа на мостот пред Јавното обвинителство, од каде порачаа дека виновниците треба да одговараат пред законите на државата и запалија свеќи во помен на Саздовски.

Дваесетгодишниот Никола Саздовски им подлегна на повредите, по деветдневна кома предизвикана од физички напад врз него од страна на три лица.

Виктор Јованов

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари