logo
logo
logo

Извештај од САД

Вашингтон во Македонија гледа корупција без казни и судство под политички притисок

Vecer | 20.03.2023

Вашингтон во Македонија гледа корупција без казни и судство под политички притисок

Најновиот извештај на американскиот Стејт департмент за човековите права во Македонија упатува сериозни забелешки за корупција и контрола над судството од страна на извршната власт во државата, појави кои секојдневно се регистрираат од граѓаните сега, повторно, се наоѓаат и во извештајот од Вашингтон.

Преку американската амбасада во Македонија од САД најавија дека ќе иницираат и надгледуваат процеси за борба против корупција, секако, на власта која е пета година од својот мадат во собранието, владата и четири години имаше речиси апсолутна власт на локално ниво, но од то засега не видовме ништо.

Во него, меѓудругото се наведува дека иако во земјата има закон кој предвидува кривични казни за корупција од страна на официјални лица, сепак постојат извештаи за функционери кои се вмешани во корупција.

„Владата останува најголемиот работодавач во земјата, а невладините организации изјавија дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција. Јавните анкети постојано ја наведуваа корупцијата како една од главните грижи за граѓаните“, се наведува во извештајот од Стејт департментот.

Извештајот укажува и на случаите на отсуство на судска независност и намалената доверба на јавноста во правосудството.

„Уставот предвидува автономни и независни судови, но Владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност. Случаите на несоодветно однесување на судството, несоодветниот политички и деловен притисок врз судиите, долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството продолжија да ја попречуваат ефикасноста на судот и да влијаат на довербата на јавноста во владеењето на правото“, се наведува во извештајот.

Извештајот укажува и на лошите состојби во затворите, нехумани услови во пренатрупаните затворски оделенија и корупмпиран персонал во затворите, како и дека полицијата злоупотребувала притвореници и затвореници и кон нив употребувала прекумерна сила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk