logo
logo
logo

Вакцинирањето тече и во Кавадарци, се вакцинираше и градоначалникот Јанчев

Vecer | 08.05.2021

Вакцинирањето тече и во Кавадарци, се вакцинираше и градоначалникот Јанчев

Вакцинацијата продолжува во Скопје, и повеќе градови низ Македонија а јавните личности со вакцинирање даваат личен пример и поттик за процесот.

Првата доза на кинеската вакцина „Синофарм“ денеска ја прими и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој се вакцинираше на пунктот за масовна имунизација, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци,  кој од вторникот работи континуирано.

Јанчев по вакцинирањето за КТВ изјави дека се чувствува одлично и апелираше до сите граѓани да се пријават на vakcinacija.mk и да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин за заштита од ковид 19.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=u3lvIJCa-qs[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk