logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Само Заев и Филипче гледаат 2 милиона вакцини, а ВАКЦИНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ НЕМА“

Vecer | 04.03.2021

„Само Заев и Филипче гледаат 2 милиона вакцини, а ВАКЦИНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ НЕМА“

Два милиони вакцини за Македонија се видливи само за Заев и Филипче, ама не и за граѓаните,  Филипче лаже, Заев лаже, веќе тоа на сите им е јасно. Во другите земји има конкретни бројки на вакцини, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение до јавноста.

Во соопштението потенцираат дека Србија два милиони, Црна Гора 37 илјади вакцини, Босна и Херцеговина 32 илјади вакцини, Албанија досега има набавено околу 33.000 вакцини.

- Македонија ја нема на листите на кои се гледа која држава колку вакцини има, ја има во фуснота дека и дале донација. Македонија ја има само на листите на починати од корона и тоа котира високо. Во Македонија нема вакцини, ама ги има сите соеви на корона вирус. Ова е недозволиво! За ова мора да се одговара, порачуваат од партијата.

Премиерот Заев и министерот Филипче пред неколку дена најавија дека кинеските вакцини наскоро треба да пристигнат.

Според Заев власта има набавено над 2 милиони вакцини и направиле се што треба да се направи, а како што рече проблемот е кај производителите.

Македонија засега се вакцинира со 8000 вакцини набавени преку Србија. Вакцина против Ковид-19 до вчера примиле 2.860 здравствени работници. Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk