Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потсетува на ветувањата на премерот Зоран Заев за вакцините.

Мицкоски објави како Заев  најпрвин велеше дека можат да набават вакцини од Фајзер но не дозволува законот, па потоа како е постигнат договор и на крај дека нема договор со Фајзер.

„Во три реченици вака изгледаат лагите на Заев и Владата за вакцините:

-На 11 декември минатата година Заев изјави: „Можевме да набавиме вакцина директно од Фајзер, ама тоа не го дозволува законот”.

-На 4 јануари 2021 година Заев вети: „Постигнат е договор со Фајзер, тие ќе пристигнат во февруари”.

-Денес веста е: „Договорот на Македонија со Фајзер не е финализиран”.

Срам, дебакл, неспособност и хаос. Луѓе умираат, носат со себе трауми поради овие дезертери и криминалци.“ напиша Мицкоски на Фејсбук

Во три реченици вака изгледаат лагите на Заев и Владата за вакцините:

-На 11 декември минатата година Заев изјави:…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, March 18, 2021