В петок прскање против ларви од комарци

Град Скопје соопшти дека в петок ќе започне со прскање против ларви од комарци и возрасни форми од комарци на подрачјето на градот.

Согласно известувањето, авионската дезинсекција ќе започне в петок и ќе продолжи и следниот ден, додека терестичната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје ќе започне в недела и ќе заврши најдоцна до 20 септември.

Градот соопшти дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин.

Истовремено, се известуваат пчеларите навремено да ги превземат потребните мерки за заштита на пчелите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари