Утре жешко - од недела па натаму попладне ќе врне

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во планинските подрачја наместа облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната температура од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 15 степени, а дневната температура ќе достигне до 35 степени.

Во недела и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари