Утре Судскиот совет ќе избира прв човек на скопска Апелација

Судскиот совет утре на седница ќе избира прв човек на Апелациониот суд во Скопје, на местото на сегашната претседателка, Љиљана Ивановска-Шопова, која е пред пензија. На огласот се пријавиле 11 кандидати, од Апелациониот суд во Скопје и од Основниот суд Скопје 1, од Управниот суд, од скопска двојка и од кавадаречкиот суд.

Неофицијално, како еден од можните идни претседатели на Апелација се споменува судијката Добрила Кацарска која суди дел од предметите на специјалното јавно обвинителство, а не е исклучена можноста и за судијката Гордана Спиревска. Досегашната претседателка на судот, Љиљана Ивановска-Шопова, како претседателка на кривичниот совет, дозволи бомбите на СЈО да бидат доказ во постапките.

На утрешната седница, како што е објавено на веб-страницата на Советот, членовите ќе го разгледуваат и извештајот за АКМИС-от кој го достави Министерството за правда за злоупотреби при распределба на предмети во скопска единица и во Врховниот суд, како и петте барања за разрешување на судии, постапка која беше иницирана од укинатиот Совет за утврдување факти.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари