logo
logo
logo

Утре сончево и топло ПОПЛАДНЕ РАЗЛАДУВАЊЕ

Vecer | 06.08.2022

Утре сончево и топло ПОПЛАДНЕ РАЗЛАДУВАЊЕ

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=8. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk