logo
logo
logo

Утре сончево и посвежо време

Vecer | 01.07.2021

Утре сончево и посвежо време


Утре времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието, информира УХМР.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север проследена со умерен, повремено засилен северозападен ветер утре и во следните денови дневната температура ќе се намали за неколку степени. Од сабота следува период на претежно стабилно време, освен во понеделник кога се очекува појава на нестабилност проследена со краткотраен локален дожд.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk