Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, информира УХМР.

На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со локала појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 16 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен дожд, кој повремено ќе биде пороен, проследен со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 7, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во недела ќе преовладува облачно и студено време со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури позначително ќе опаднат, особено во северните делови.

Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со пораст на дневните температури.

makfax.com.mk