logo
logo
logo

Утре променливо облачно време со пороен дожд

Vecer | 13.04.2021

Утре променливо облачно време со пороен дожд


Времето утре ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен, краткотрајно пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Уште утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Утре и до четврток претпладне на планините особено на северозападот, врнежите ќе бидат од снег. В четврток и в петок ќе има повеќе сончеви периоди, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег ќе настапи за време на викендот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk