logo
logo
logo

Утре претпладне сончево, попладне дожд

Vecer | 25.05.2021

Утре претпладне сончево, попладне дожд


Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Утре и в четврток попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk