logo
logo
logo

Утре ќе се одржи вториот Скопје Прајд под слоганот „ВОН ЅИДОВИТЕ“

Vecer | 25.06.2021

Утре ќе се одржи вториот Скопје Прајд под слоганот „ВОН ЅИДОВИТЕ“

Под слоганот „Вон ѕидовите“ утре ќе се одржи втората парада на гордоста во Скопје. Од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, која го организира настанот, велат дека парадата е наменета за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.

„Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество. Се надеваме и на вашето присуство на овој настан, со оглед на значајната улога на медиумите во борбата за унапредување на човековите права и прифаќањето на различностите во општеството“, велат организаторите на настанот.

Парадата ќе почне во паркот ,,Жена-борец’’, а крајна дестинација е „Школка“ во Градскиот парк.

На парадата ќе се обратат претставнички на организацискиот одбор на Скопје Прајд и на Интерпартиската парламентарна група за унапредувања на правата на ЛГБТИ луѓето, како и родител на ЛГБТИ дете. Во забавниот дел од програмата ќе учествуваат: Соња Исмаил, Вера Вендета, Васил Гарванлиев, Фифи Јаневска, Туна, Ивана Драгшиќ, Узун Баба и Зоки Бејбе. Водители на настанот ќе бидат Линда Социјалиста и Огнен Јанески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk