Утре договорена лидерска, ќе се договараат ли и избори наесен

Претседателот на Владата и лидер на СДСМ Зоран Заев за утре во 18:00 часот во Клубот на пратенциите закажа лидерска средба. Од Владата соопштуваат дека заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието.

Она што се очекува е дека ќе се разговара околу референдумот, но деновиве претседателот на СДСМ Зоран Заев отвори и нова тема, а тоа е дека постои можност за предвремени парламентарни избори заедно со денот на референдумот, што би требало да биде во октомври годинава. Останува претпоставката дека и ова може да биде тема на утрешната лидерска средба. Според законот обрвзувачки референдум не може да се одржува заедно со избори но, се е можно.

Поврзани

Најнови вести

Коментари