Утре без струја делови на Аеродром, Сарај, Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре без струја ќе бидат неколку делови на Скопје. Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците од ул. Горноврановска во Општина Аеродром.

Од 10:00 до 13:00 часот, исклучени ќе бидат корисниците на дел од с. Долно Свиларе како и дел од с. Горно Свиларе во Општина Сарај.

Во периодот од 10:15 до 11:15 часот корисниците на дел од караула Чашка, дел од с. Кучково, како и викендици- Кучково во Општина Ѓорче Петров.

Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците на дел од ул. Миле Поп Јорданов како и дел од ул. Џумајска во Општина Карпош.

Без струја од 08:40 до 15:00 часот ќе останат и корисниците од Јурумлери од патот за Лисиче до Дрма, Колонија и Идризово во Општина Гази Баба.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари