logo
logo
logo

Уставен суд: Одбиен предлогот за постапка по иницијативата за Законот за банки

Vecer | 25.02.2021

Уставен суд: Одбиен предлогот за постапка по иницијативата за Законот за банки

Уставниот суд со мнозинство гласови на судиите не ја прифати иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки.

Иницијативата, што беше на дневен ред на вчерашната седница на Судот, е поднесена од адвокат од Скопје, а се однесува на оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, со кој при наплатата од стечајната маса предност се дава на Фондот за осигурување депозити во однос на оштетените фирми депоненти на банката и штедачите со поголеми износи од 30 илјади евра кои се покриени од страна на Фондот.

Од Уставниот суд велат дека не е поведена постапка по иницијативата, бидејќи со оваа законска одредба не се повредува Уставот.

Здружението „Оштетени штедачи“  вчера со соопштение се огласи по повод одлуката на Уставниот суд, за која, како што велат, жалат што е негативна.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk