logo
logo
logo

Успешен прв настап на Фрчкоски во ОН - под знамето на Унгарија (ФОТО)

Vecer | 18.09.2022

Успешен прв настап на Фрчкоски во ОН - под знамето на Унгарија (ФОТО)

Чаба Куроси, претседател на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации на својот официјален твитер профил објави дека се сретнал со Љубомир Фрчковски, постојан претставник на Северна Македонија во ОН.

-Разговарав за моите приоритети за 77-та сесија на #UNGA и за вредната поддршка на 🇲🇰 за работата на Генералното собрание, пишува Куроси на Твитер.

Фрчкоски, како преставник на С. Македонија ја одржа оваа средба под официјалното знаме на Унгарија. Ако погрешно е поставено тоа знаме, наопаку, е на Ирска. Ама секако не е на Македонија.

Состаноците на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации ќе започнат во Мидтаун на Менхетен во вторник, на 20 септември - а голем број улици ќе бидат затворени за сообраќај почнувајќи од овој викенд.

https://vecer.mk/makedonija/fr/

„Уште еднаш, светските лидери ќе се соберат на 77. Собрание на Обединетите нации и ние работиме неуморно за да се осигураме дека сите патишта и автопати ќе останат безбедни за време на овој настан“, рече началникот за транспорт на NYPD, Ким Ројстер на прес-конференција во петокот попладне.

„Додека неуморно работиме заедно за да се осигураме дека е постигнато највисоко ниво на безбедност и ефикасност, силно ги охрабруваме њујорчаните и посетителите да планираат однапред, да користат алтернативни рути и да користат масовен превоз доколку планираат да ги посетат областите“, додаде Ројстер.

NYPD објави целосен распоред на затворање улици и „очекувани доцнења во сообраќајот“ за возачите да можат да ги планираат своите маршрути однапред.

Фото: твитер

https://vecer.mk/makedonija/1026681/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk