logo
logo
logo

Уште денеска и утре сонце, ОД ПЕТОК ПРОМЕНИ И ЗАЛАДУВАЊЕ

Vecer | 03.03.2021

Уште денеска и утре сонце, ОД ПЕТОК ПРОМЕНИ И ЗАЛАДУВАЊЕ

Метеоролозите најавуваат дека уште денес и утре ќе уживаме во топлото време и сонцето додека од петок ќе следи заладување и промена на времето.

Според нив утре ќе биде сончево и релативно топло, но од веќе потоа ќе има зголемување на облачноста, а во сабота промена на времето.

- Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР.

Дневните температури, според УХМР, за време на викендот ќе бидат во опаѓање, а од понеделник ќе има постепен пораст.

Утре дневната температура ќе се движи од 10 до 20 степени, во петок од 12 до 19, во сабота од 9 до 16, недела шест до 12 степени понеделник од седум до 13 и вторник од осум до 15 степени

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk