logo
logo
logo

УНЕСКО денеска со ОДЛУКА за Охрид

Vecer | 25.07.2021

УНЕСКО денеска со ОДЛУКА за Охрид

УНЕСКО, денеска треба да донесе одлука дали Охрид ќе биде ставен на Листата на светски културни и природни богатства во опасност. Во спротивно, Македонија ќе добие дополнителен рок од две години за имплементација на препораките на УНЕСКО.

Вчера во посета на Охрид беше Зоран Заев, кој кажа дека Охрид е доведен во таква состојба, во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека каква и одлука да донесе УНЕСКО, Охрид и Охридското езеро се наше национално богатство, и треба да го чуваме.

Министерката за култура, Ирена Стефоска е во Фуџоу, Кина каде што се одржува Комитетот. Стефоска во своето обраќање пред учесниците на 44.сесија на Комитетот, побарала продолжување на роковите за да се овозможи натамошно дејствување во сите сфери за дополнителна заштита на светското културно и природно богатство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk