logo
logo
logo

УХМР со предупредување: Пороен дожд, грмежи и град!

Vecer | 08.06.2021

УХМР со предупредување: Пороен дожд, грмежи и град!

Од УХМР известуваат дека до крајот на денот ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално во јужните делови се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето во четврток ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето во петок ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето во сабота ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР издаде и актуелно предупредување за денеска: Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk