logo
logo
logo

Угостителските услуги поскапи од лани

Vecer | 05.12.2022

Угостителските услуги поскапи од лани

Цените на угостителските услуги во ноември годинава, во однос на истиот месец лани се зголемени за 17.1 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кумулативно, во периодот јануари – ноември годинава, во споредба со истиот период од 2021, цените се повисоки за 11.9 %. Во ноември годинава, пак, во споредба со претходниот месец, цените на угостителските услуги се зголемени за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %. (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk