logo
logo
logo

Угостителите од Македонија викендов ќе се вакцинираат во Ниш

Vecer | 27.03.2021

Угостителите од Македонија викендов ќе се вакцинираат во Ниш


Независната угостителска комора во соработка со стопанската комора на Србија за сите заинтересирани македонски угостители и угостителски работници, вклучувајќи ги и музичарите без разлика дали се членки или не се членки на некоја комора или здружение, обезбеди безусловна бесплатна вакцинација во Ниш, соседна Србија денеска и утре од 08:00 ДО 20:00 часот.

Вакцинацијата ќе биде во Спортскиот центар „Чаир“.

„ По дводневна комуникација со Стопанската комора на Србија и укажувањето и инсистирањето на потребата за вакцинација на македонските угостители и угостителски работници во пресрет на туристичката сезона, синоќа, петок 26ти Март во 21:38 часот од Стопанската комора на Србија – Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан пристигна допис – е-пошта со која е одобрено безусловно и бесплатно вакцинирање на сите заинтересирани македонски угостители и нивните угостителски работници која информација НУК веднаш ја сподели со сите свои членки и Претседатели на здруженија како и на својата Facebook фан страна со информација за начин на аплицирање“ соопшти НУК.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk