logo
logo
logo

УЕФА го казни Фенербахче поради навивачката поддршка за Путин

Vecer | 06.08.2022

УЕФА го казни Фенербахче поради навивачката поддршка за Путин

Европската фудбалска федерација (УЕФА) му изрече парична казна од 50.000 евра на Фенербахче, како и делумно затворање на трибините за следниот европски натпревар, поради навивачкото скандирање на името на рускиот претседател Владимир Путин на реваншот против киевски Динамо во Истанбул во рамки на квалификациите за Лигата на шампиони. Украинскиот шампион триумфираше со 2-1, а дел од навивачите на Фенербахче скандираа „Путин, Путин“, испровоцирани од прославувањето на голот на гостинската екипа. Фенербахче е казнет поради фрлање тврди предмети на теренот од трибините и навредливо скандирање, и покрај паричната казна, ќе мора да затвори дел од стадионот за следниот натпревар во европските натпреварувања.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk