Учениците од следната година нема да учат по „Кембриџ“ програмата

Од следната учебна година, учениците нема да учат по „Кембриџ“ програмата, соопшти Владата.

„Од областа на образованието, министрите на денешната седница ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година, односно на програмата ‘Кембриџ’“, се вели во соопштението.

На седницата беше донесена и одлука за воведување на италијански јазик во основно и средно образование како можност за втор странски јазик.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари