Убиство во Мала Речица, маж ја застрелал сопругата и побегнал

Педесет и тригодишен тетовец синоќа околу 22.30 часот ја застрелал со пиштол својата 52-годишна сопруга и побегнал.

Според првичните информации од тетовската полиција, крвавиот настан се случил во семејниот дом на сопружниците на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица. Откако пукал во сопругата, тетовецот излегол од куќата и пукал и кон такси возило, но за среќа никого не погодил. Потоа се дал во бегство.

Полицијата трага по него. На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, а повеќе информации за настанот се најавени во текот на денот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари