logo
logo
logo

Албанец добил ПАСОШ НА ЖЕНСКО ИМЕ, убиените од Шкаљарски клан во Атина ИМАЛЕ МАКЕДОНСКИ ПАСОШ

Vecer | 11.05.2021

Албанец добил ПАСОШ НА ЖЕНСКО ИМЕ, убиените од Шкаљарски клан во Атина ИМАЛЕ МАКЕДОНСКИ ПАСОШ

Нови детали за аферата „Мафија“ која власта ја нарече „Двојник“ во која стотици европски криминалци се стекнале со македонски пасоши. Досега видовме како македонски идентитети добиле крупни мафијаши од Италија, Турција, но и најозогласените балкнаски членови на Шкаљарскиот и Кавачкиот план.

Покрај тоа што дознавме дека македонски пасош имал лидерот на Јован Вукотиќ, сега дознаваме дека и убиените припадници на овој клан од престрелката во Атина, исто така имале македонски пасоши.

Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, кои во јануари минатата година беа изрешетени во Атина, биле дел од групата од 214 странци кои добиле фалсификувани македонски пасоши во аферата „Мафија“ (случај „Двојник“), открива „Код“.

Иако обвинети за повеќе убиства, трговија со луѓе и дрога, двајцата си купиле македонски пасоши, едниот во декември 2017, вториот летото 2018 година. Со лажните идентитети ја поминале грчката граница, а во Атина беа убиени во ресторан пред своите жени и деца.

Најголемата контроверза во истрагата за „Двојник“, пренесува „Телма“ е што во еден докажан случај, во управните служби бил издаден пасош на маж, иако податоците покажуваат дека зад тоа име стои жена од Албанија со македонско државјанство.

Во вадењето на пасошот се вклучени тројцата првообвинети кои веќе признаа вина. Жената се вика Ѓорѓие Коруни и најверојатно на криминалците од пасошко им личело дека станува збор за машки идентитет. Поради тоа второобвинетиот Фарук Буќи без никаква пријава на 13-ти април 2018-та, сликал маж, својот клиент, контролорката Оливера Софрониевска го одобрила 4 дена подоцна насабајле, а машкиот пасош со женски идентитет го подигнал првообвинетиот Дениз Барути кој тогаш воопшто не бил на соодветното ртаботно место туку бил распореден како курир.

Интересно е што тројцата долгогодишни вработени во управните служби си тргнале по логиката дека 10-тата цифра во секој матичен број го определува полот, нулата е за мажи, а 5-ката за жени. Станувало збор за машки матичен број што значи дека грешката е напрвена уште кога на државјанката Ѓорѓие Коруни и е издаван матичниот број е направена грешка што пак во превод значи дека тој службеник во матично не ја видел туку работел по логика и по нејзиното име.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk