logo
logo
logo

УБИЕН МАЖ пронајден во возило на крстосница меѓу две скопски села

Vecer | 05.08.2022

УБИЕН МАЖ пронајден во возило на крстосница меѓу две скопски села

Ноќеска, во 01:40 часот на самата крстосница помеѓу с.Радуша и с.Свиларе, Скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај во патничко возило „рено меган“ со пробни регистарски таблички пронашле лице без знаци на живот, со повреда од огнено оружје.

По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.А.(39) од с.Никуштак, општина Липково. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk