logo
logo
logo

Уапсени 17 лица со дрога на концерт во „Борис Трајковски“

Vecer | 08.12.2021

Уапсени 17 лица со дрога на концерт во „Борис Трајковски“

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што синоќа се одржуваше музички настан, полицијата уапсила 17 лица откако во нивните џебови биле пронајдени таблети, марихуана и бела прашкаста материја, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во периодот од 22.30 часот на 07.12.2021 до 02.50 часот на 08.12.2021 во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15 лица, и тоа Ѓ.Б.(24) од Србија, Л.К.(18) од Скопје, В.А.(38) од Гевгелија, М.Ѓ.(20) од Битола, Б.Н.(22) од Свети Николе, В.Х.(23) од Скопје, Д.Т.(23) од Косово, А.С.(25) од Скопје,  Љ.В.(30) од Косово, Ѓ.Д.(18) од Велес, К.М.(23) од Штип, М.Н.(18) од Штип, С.Т.(25) од Скопје, Б.С.(20) од Скопје и Љ.Ј.(20) од Скопје. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја. На 07.12.2021 во 21.30 и 21.35 часот, пак, на паркинг простор на Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.К.(20) од Косово и Н.В.(25) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. Сите 17 лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk