ПО ТРИ ГОДИНИ АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА КАЈ ПОРОЈ

Уапсен убиецот на Ванчо Јосифовски

Бурханедин Нухија, осомничен дека пред три години го уби тетовскиот средношколец Ванчо Јосифовски, е уапсен во петокот во раните утрински часови, во угостителски објект во состав на бензинската пумпа "Студијеса" кај Порој. При апсењето осомничениот употребил огнено оружје и пукал во полицајците, информираат од МВР. Во акцијата е ранет еден полицаец, кому во тетовската болница му била укажана медицинска помош. Неговиот живот не е во опасност.
Според зборовите на Горан Павловски, шеф на кабинетот на министерот на МВР, Бурханедин бил во друштво со уште неколку лица, но тој не го спомена ниту нивниот број ниту нивниот идентитет. Павловски, меѓу другото, додаде и тоа дека уапсениот веднаш е спроведен во затворот во Идризово, за одлежување на две затворски казни, една од шест и една од осум години за сторени две кривични дела - убиство и обид за убиство.
Триесет и деветгодишниот Бурханедин, против кого има поднесено неколку кривични пријави, за разбојништва, обид за убиства, носење на оружје и загрозување на општата безбедност, на 19 октомври 2002 година на улица "Благоја Тоска" во Тетово отвори оган од автоматска пушка кон група момчиња на кошаркарско игралиште. Тогаш тој го уби Ванчо Јосифовски, а рани двајца негови другари. (А.С.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари