logo
logo
logo

Уапсен Македонец во Турција, ДЕСНА РАКА НА НАРКО-БОСОТ СЕДАТ ПЕКЕР (ДЕТАЛИ)

Vecer | 02.06.2021

Уапсен Македонец во Турција, ДЕСНА РАКА НА НАРКО-БОСОТ СЕДАТ ПЕКЕР (ДЕТАЛИ)

Денеска турската полиција уапси македонски државјанин кој му бил десна рака на мафијашот Седат Пекер, објавија турските медиуми.

Македонскиот државјанин Бобан Томовски, со престој во Берлин, Германија, соработник на нарко босот Седат Пекер, бил приведен на аеродромот во Истанбул и се очекува в сабота да биде испорачан во Македонија, пишуваат турските медиуми.

Томовски бил приведен во обид да патува за Египет.

„Конечно, лидерот на криминалната организација Бобан Томовски, познат по својата блискост со Седат Пекер, беше фатен на аеродромот Сабиха Гикчен.

Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, бил приведен при обид да замине во Египет”, пишуваат турските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Како што пренесуваат медиумите, Томовски му бил близок соработник на Пекер и заедно дејствувале во Македонија, а живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати.

Полицијата го привела на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул.

Според тврдењата на турските медиуми, Томовски, кој имал чести средби со Пекер во Македонија, бил на пат да замине во Египет преку Турција.

Во Турција има потерница по Седат Пекер како водач на голема криминална организација, а се претпоставува дека е тој избеган во Обединетите Арапски Емирати.

Турските медиуми пишуваат дека и Томовски бил вмешан во шверцот со дрога на организацијата на Пекер и дека заедно делувале за време на престојот во Македонија на Пекер.

Според турските медиуми, утврдено е дека шверцерот со дрога Томовски, кој имал чести средби со Пекер во Македонија, бил на пат да замине во Египет преку Турција.

Според медиумските извештаи, Томовски споделувал многу објави со Пекер на социјалните мрежи и имал многу влезови и излези од Турција.

Името на Пекер е дел од аферата со издавањето на фалсификувани пасоши со лажен идентитет од страна на македонската полиција на бројни криминалци и нарко босови од регионот и пошироко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk