logo
logo
logo

Уапсен инспектор на УЈП, барал поткуп од 700 евра

Vecer | 06.07.2022

Уапсен инспектор на УЈП, барал поткуп од 700 евра

Инспектор на Управата за јавни приходи (УЈП) е уапсен денеска поради сомнение дека земал мито, соопшти Министерстото за внатрешни работи.

Ј.К. (63) од Скопје вршејќи ја својата службена должност, во текот на мај и почетокот на јуни, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари, соопшти полицијта.

Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден ги побарал и примил парите во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен. По претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени парит кои биле дадени од правното лице. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk