logo
logo
logo

Уапсен „фраер“ од Липковско зашто се тепал со полицаец

Vecer | 30.07.2021

Уапсен „фраер“ од Липковско зашто се тепал со полицаец

Кумановската полиција вчера уапсила 66-годишен жител на липковското село Брест, бидејќи физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи,  информираа денеска од СВР Куманово.

-Вчера околу 18:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(66) од село Брест, општина Липково со живеалиште во Норвешка, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи, наведува во соопштение СВР Куманово.

А.И. бил приведен во СВР Куманово и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk