„Уа корумпирани” и „Оставка” извикуваат дваесетина граѓани на протестот пред Собрание

Мала група граѓани утринава пред Собранието протестираат против промена на Уставот и името на државата. Тие со транспаренти „Не ве гласавме за да менувате име”, „Оставка”, „Бојкотирам” бараат пратениците да не ги поддржат уставните промени.

Тие на улицата пред Собрание поставија шатор и го блокираа сообраќајот. Воглавно, на протестот се излезени постари граѓани, а пред Собрание има и полициско обезбедување.

„Би им препорачал на сите пратеници да бидат херои, да не гласаат промена на името. Мислам дека опозицијата нема да даде поддршка, а се надевам дека пратениците на СДСМ, нема да гласаат, ќе им проработи совеста. Нема полошо од ова. Од овие издаици, утре децата ќе страдаат“, изјави Слободан Анастасовски, граѓанин кој излезе на протест пред Собранието.

Демонстрантите од паркот Жена Борец кој се наоѓа веднаш спорти Собранието на улицата пред Законодавниот дом ги извадија и клупите, „У-а корумпирани” и „Оставка” извикуваат околу 20-тина  граѓани на протестот пред Собранието.

„Вас ви е местото во Идризово, да лупате камења. Со 57 гласа изгласавте терорист за претседател на Собрание”, извикуваат присутните.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари