logo
logo
logo

Слаѓана Тасева: Тужена сум за клевета за ПРВ ПАТ ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ

Vecer | 04.03.2021

Слаѓана Тасева: Тужена сум за клевета за ПРВ ПАТ ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ

Претседателката на Транспаренси Интернешнл во Македонија Слаѓана Тасева во „Заспиј ако можеш“ на Алфа вели дека за прв пат после 20 години е тужена за клевета и дека по толку години се соочува со притисоци,

Таа вели дека тужбата се однесува поради тоа што анализирале договор склучен во кој што се гледа дека договорот ги нема сите елементи предвидени во нашите закони.

- Не се идентификувало лицето потписник на договор. И тоа го објавивме на прес конференција, и за тоа не тужеа за клевета. И јас сум првостепено одговорна за клевета.Во овој систем, во оваа Влада, поврзано со активности на оваа Влада. Значи да треба да води сметка правосудниот систем како правораздава, дали по правото или по потребата на некого, посочи Тасева.

Тасева посочи дека и таа се соочува со притисок, и тоа за прв пат после толку години активна работа.

- Никогаш досега не сум зборувала неаргументирано, ама еве можеби некој смета и дека на тој начин треба да не замолчи наместо да не охрабри да зборуваме, па да нема корупција, рече Тасева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk