– Ваков јавен конфликт помеѓу две клучни институции за борба против корупцијата е пред се општествено опасен – пишува во објава на Фејсбук адвокатот Владимир Туфегчиќ.

– Во мојата скоро 30 годишна адвокатско-судиска кариера паметам неколку тивки и скриени од јавноста конфликти на важни функционери кои завршувале со тивки „повлекувања” од функцијата, што од лични, што од здравствени причини. Во тогашниот „трул” општествен систем постоел механизам и авторитет да го артикулира конфликтот и да не дозволи да излезе надвор од контрола со што ќе предизвика штета за државата – наведува Туфегчиќ.

Тој потенцира дека поради фактото што во државава очигледно нема таков механизам и авторитет, овој конфликт ги има сите предиспозиции да ескалира.

– Конечно, овој отворен конфликт и сериозните меѓусебни обвинувања на првите луѓе на овие институции, ги компромитира и доведува во прашање непристрасноста во активните кривични предмети пред надлежниот суд, како и тие по кои во моментот се постапува – пишува во својата објава на социјалните мрежи Владимир Туфегчиќ.

Фото: Објава на Фејсбук на Владимир

Да не беше Вилма Русковска, ќе знаеше ли јавноста дека постои и Здружение на јавни обвинители

Вилма РУСКОВСКА бара странска помош за „загрозувачкиот притисок“ од Муареми: ВЛАСТА Е ПОД ИСТРАГА, НЕ Е САМО ТОЈ

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт