logo
logo
logo

Трипуновски: ПРИЧИНА ЗА ШИРЕЊЕ НА АФРИКАНСКА ЧУМА е непрофесионализмот на надлежните

Vecer | 10.08.2022

Трипуновски: ПРИЧИНА ЗА ШИРЕЊЕ НА АФРИКАНСКА ЧУМА е непрофесионализмот на надлежните

Болеста Африканска чума кај свињите излегува од контрола и галопира кон внатрешноста на Република Македонија загрозувајќи го опстанокот на најсветлата точка во македонското сточарство – свињарството. Последниот потврден случај на болеста во Општина Виница го извади на површина капацитетот на раководството на Агенцијата за храна и ветеринарство и власта, вели Цветан Трипуновски.

-Непрофесионализмот, импровизацијата и стихијноста се главните карактеристики на раководењето на најодговорната институција која треба да се грижи непосредно за здравјето на животните, а со тоа и јавното здравје на нацијата.

Дополнително, дека се соочуваме со импровизација, укажува и фактот дека Николче Бабовски веќе втора година по ред е вршител на должноста, В.Д. директор, спротивно на законот. Болеста е присутна во регинот од 2018 година, надлежните ја имаа таа информација, но ноншалантниот однос и неспособноста е начин на работа на одговорните во оваа институција.

Токму затоа апелираме бидејќи ситуацијата станува драматична, а очигледно е дека раководството на АХВ, Љупчо -Путерот и власта не знаат да се снајдат во оваа ситуација бидејќи се крајно неспособни, да ја прифатат помошта која им ја нудиме како одговорна партија во целост ги ставаме нашите капацитети на локално и централно ниво во ограничување на болеста Африканска чума кај свињите и намалување на директните и индиректните штети кои неминовно следат.

Не е време за политика, не е време за власта и Љупчо Путерот да користат одмори, загрозени се стотици милиони инвестиции во свињарскиот сектор, одважете се и прифатете ја помошта, под ризик се свињарскиот сектор и егзистенција на многу семејства, пишува Трипуновски на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk