logo
logo
logo

Тринаесет лица повредени во несреќа на патот Струмица – Валандово

Vecer | 02.07.2022

Тринаесет лица повредени во несреќа на патот Струмица – Валандово

Тринаесет лица се повредени во директен судир на две патнички возила со струмички регистарски ознаки, што се случил попладнето во 16:20 часот на патот Струмица-Валандово, на превојот Валандовски Рид.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека имало повеќе повредени лица кои се пренесени на лекување во болницата во Струмица. Таа за утре најави повеќе детали за сообраќајката.

Според информациите од директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, едно дете на шестгодишна возраст и една жена се со потешки повреди и се пренесени на понатамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје, додека останатите се со полесни повреди и се на лекување во Струмица.

Во извлекувањето на повредените учествувало и противпожарно возило, а екипа на полицијата извршила увид.

Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин повеќе од еден час.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk