logo
logo
logo

Триесет патници од автобус на скопска агенција дале фалц ПЦР тестови на "Деве Баир"

Vecer | 11.02.2021

Триесет патници од автобус на скопска агенција дале фалц ПЦР тестови на "Деве Баир"

Триесет патници од автобус на скопска агенција приложиле фалсификувани ПЦР тестови на граничниот премин "Деве Баир".

Полицијата ги открила 30те фалсификувани тестови  кои ги приложиле патници кои се возеле со автобус на туристичка агенција од Скопје, соопшти МВР.

„Полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР тестови за ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени“, велат од МВР.

По ова, биле приведени двајца албански државјани и биле изведени пред судија на претходна постапка. За другите 28 патници, кои се македонски државјани, од МВР најавуваат дека ќе направат дополнителни проверки и ќе поднесат пријави до Основното јавно обвинителство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk