logo
logo
logo

ТРИ ЗЕМЈОТРЕСИ утрово ги вознемирија жителите на Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево

Vecer | 24.05.2021

ТРИ ЗЕМЈОТРЕСИ утрово ги вознемирија жителите на Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 24.05.2021 година, регистрира три земјотреса и тоа во 3 часот и 52 минути, 4 часот и 59 минути и во 6 часот и 15 минути, од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 65 км југозападно од Скопje во околината на Маврово и беа првите два со локална Рихтерова магнитуда M L 3.2 додека третиот со магнитуда M L 2.4.

Според досегашните податоци, првите два земјотреса беа почувствувани од населението во Маврово со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Гостивар и Кичево со интензитет од III степени, а третиот земјотрес беше почувствуван во Маврово и околината со интензитет од

III степени според истата скала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk