logo
logo
logo

Три Кичен работеле во 1:30 по полноќ, ПРИВЕДЕНИ 7 ЛИЦА

Vecer | 06.05.2021

Три Кичен работеле во 1:30 по полноќ, ПРИВЕДЕНИ 7 ЛИЦА

Угостителски објект работел во 1:30 по полноќ иако според актуелните мерки работното време е до 22:30.  Притоа во интервенцијата на полицијата биле приведен и 7 лица, А СДК објави дека станува збор за Три кичен.

„На 06.05.2021 во 01.30 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на улица 50 Дивизија во Скопје. Притоа, во објектот биле затекнати седум лица, меѓу кои и Х.Џ.(43) од Скопје, одговорно лице во објектот. Утврдено е дека објектот работи по дозволеното време односно не се почитуваат препораките и мерките на Владата за заштита од ковид-19. Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Ова не е прв пат кафулето „Три кичен бар“ кое се наоѓа пред влезот на Клиничкиот центар и во соседство на Министерството за здравство да не ги почитува протоколите за работа во време на пандемија. Во близина, на само стотина метри е и Инфективната клиника, каде што според последните податоци од Министерството за здравство лежат 111 пациенти, главно со тешки компликации од ковид-19.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk