Претставниците на секторот за организација на настани и денеска ги продолжуваат протестите пред Влада од 12 до 15 часот.

Тие велат дека досега никој не ги контактирал, ниту пак некој покажал подготвеност за надминување или решавање на ситуацијата.

„ Можеби им се допаѓа музиката која ја пуштаме па сакаат да продолжиме. Инаку, ИВАП е членка на Паневропската Алијанса LiveCom Alliance, во која членуваат речиси сите европски држави, и ќе биде известена за третманот кон оваа значајна општествена гранка. Преку Алијансата нашиот апел ќе стигне до Брисел каде ивент индустријата беше препознаена уште минатата година и соодветно помогната“ велат оттаму.

makfax.com.mk