logo
logo
logo

Транспортот на гласачките ливчиња чинел 65.000 евра: Еден километар се наплаќа 46 денари

Vecer | 20.10.2021

Транспортот на гласачките ливчиња чинел 65.000 евра: Еден километар се наплаќа 46 денари

За да гласачките ливчиња стигнат од печатницата до Општинските изборни комисии (ОИК), а од таму до Државната изборна комисија (ДИК) биле потрошени 65.000 евра, пошува Фокус.

Овој тендер, кој денеска беше објавен на Бирото за јавни набавки, е склучен без претходно објавување на оглас, помеѓу Државната изборна комисија со АД Пошта на Северна Македонија во државна сопственост. Според Бирото за јавни набавки во овој случај биле исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без оглас.

-Tранспорт на доверлив и недоверлив гласачки материјал за изборите 2021 од печатница до ОИК и од ОИК до ДИК, се наведува во описот на набавката.

Во договорот пак се наведува дека еден километар е проценет на 46 денари.

Неколку дена пред изборите, во комбиња на Македонски пошти и со големо полициско обезбедување беше организиран транспортот на гласачките материјали од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола каде се печатеше, до општинските изборни комисии. Беа дистрибуирани околу 4,5 милиони гласачки ливчиња и друг печатен материјал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk